Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Синдикатот на полицијата: Случајот кај Сарај се политизира, криминалот нема етничка граница
    Република

    Синдикатот на полицијата: Случајот кај Сарај се политизира, криминалот нема етничка граница

    11/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Независниот синдикат на полицијата реагираше по случајот со претепаните млади лица во близина на Сарај, оценувајќи дека станува збор за обид за политичка манипулација и дека недозволената трговија со дрога не треба да добива етнички предзнак.

    Во објава на социјалните мрежи, од синдикатот изнесоа детали за полициската акција, при што наведуваат дека осомничените лица најпрво се обиделе да ги прегазат полициските службеници, а потоа на еден од нив му го одзеле службеното оружје.

    Според информациите со кои располага синдикалната организација, лицата потоа избегале, при што предизвикале неколку сообраќајни несреќи на автопатот Скопје – Тетово. Тие, како што наведуваат од синдикатот, се здобиле со повреди, а при дополнителна проверка била пронајдена и дрога.

    Од Независниот синдикат на полицијата нагласуваат дека националната припадност на полициските службеници кои постапувале во случајот е неважна, бидејќи нивната задача е борба против криминалот и заштита на граѓаните.

    „Криминалот нема етничка граница“, порачаа од синдикатот, повикувајќи ги надлежните институции детално да го испитаат целиот случај и постапувањето на полициските службеници.

    Воедно, од синдикатот упатија апел до политичките партии да не заземаат страна во случаи поврзани со криминал и да дозволат институциите да ја завршат својата работа.

    Поврзани вести:

    Шест полициски службеници ќе бидат суспендирани поради прекумерна употреба на сила, информираше МВР

    Шест полициски службеници ќе бидат суспендирани поради прекумерна употреба на сила, информираше МВР

    Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слободата се добива со храброст, а државата се гради со одговорност

    Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слободата се добива со храброст, а државата се гради со одговорност

    Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, имунизацијата ќе започне навреме

    Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, имунизацијата ќе започне навреме

    „Безбеден град“ од утре активен и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    „Безбеден град“ од утре активен и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    Нестабилно време низ Македонија – дожд, грмежи и силен ветер

    Нестабилно време низ Македонија – дожд, грмежи и силен ветер

    11 Октомври – симбол на отпорот и борбата за слобода: Македонија одбележува 85 години од Народното востание

    11 Октомври – симбол на отпорот и борбата за слобода: Македонија одбележува 85 години од Народното востание

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Шест полициски службеници ќе бидат суспендирани поради прекумерна употреба на сила, информираше МВР

    11/10/2026

    Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слободата се добива со храброст, а државата се гради со одговорност

    11/10/2026

    Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, имунизацијата ќе започне навреме

    11/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.