Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Вевчани со серија реализирани проекти во инфраструктурата, туризмот и комуналните услуги
    Република

    Вевчани со серија реализирани проекти во инфраструктурата, туризмот и комуналните услуги

    07/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општина Вевчани во изминатиот период реализираше повеќе инфраструктурни, комунални и туристички проекти со цел подобрување на условите за живот на жителите и унапредување на јавниот простор.

    Од локалната самоуправа информираат дека во делот на патната инфраструктура, во соработка со Министерството за транспорт, биле обезбедени средства за целосна реконструкција на четири локални улици со вкупна должина од околу пет километри.

    Паралелно со тоа, обновено е и уличното осветлување, при што се поставени нова подземна инсталација и современи канделабри.

    Во текот на годината биле реализирани активности за уредување на јавни површини, пешачки патеки и пристапни патишта, како и изградба на бетонски канали за наводнување.

    Жителите и посетителите на централното подрачје на Вевчани добија и бесплатен интернет преку проектот „Вај-фај за Западен Балкан“, реализиран со поддршка и соработка со ГИЗ.

    Значајни активности се спроведени и во туристичката инфраструктура. Обновен е дел од осветлувањето кај локалитетот „Вевчански извори“, а процесот на целосна реконструкција продолжува. Воедно, општината продолжи со поддршка на традиционалната манифестација „Вевчанско лето“, која е важен дел од туристичката понуда.

    Со средства од општинскиот буџет е уреден и дворот на детската градинка, каде што се изведени работи за проширување на пристапната патека, изградба на потпорен ѕид, поплочување, дополнителни паркинг-места, како и поставување нова ограда, клупи и корпи за отпадоци.

    Инвестиции се реализирани и во Јавното комунално претпријатие. Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбедени се специјална машина за одржување на канализацискиот систем и хидрауличен мини багер.

    Дополнително, општината обезбеди 850 канти за комунален отпад, со што секое домаќинство доби бесплатна канта, а преку регионалниот проект за управување со отпад е обезбедено и специјализирано возило за собирање смет.

    Од Општина Вевчани најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат инвестициите во инфраструктурата, комуналните услуги и развојот на туризмот, со цел создавање подобри услови за жителите и посетителите.

    Поврзани вести:

    Мерки на претпазливост за вишиот јавен обвинител од Битола: Одземен пасошот и забрана за работа

    Мерки на претпазливост за вишиот јавен обвинител од Битола: Одземен пасошот и забрана за работа

    По 11 години застој, Охрид конечно ќе добие затворен базен

    По 11 години застој, Охрид конечно ќе добие затворен базен

    Клековски: Нема спорни БСЖ вакцини во употреба, ниту се пријавени несакани ефекти, нови ќе се набават од Јапонија

    Клековски: Нема спорни БСЖ вакцини во употреба, ниту се пријавени несакани ефекти, нови ќе се набават од Јапонија

    КСЗД предупреди на дискриминација на бремени жени во работните односи и сексуално вознемирување во образованието

    КСЗД предупреди на дискриминација на бремени жени во работните односи и сексуално вознемирување во образованието

    Официјална Софија ја потврди утрешната билатерална средба, Мицкоски: Само со дијалог може да дојдеме до решение

    Официјална Софија ја потврди утрешната билатерална средба, Мицкоски: Само со дијалог може да дојдеме до решение

    Исечени гумите на службените возила на Центарот за социјални работи Тетово по наредбата за контрола на корисниците на социјална помош

    Исечени гумите на службените возила на Центарот за социјални работи Тетово по наредбата за контрола на корисниците на социјална помош

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мерки на претпазливост за вишиот јавен обвинител од Битола: Одземен пасошот и забрана за работа

    07/10/2026

    По 11 години застој, Охрид конечно ќе добие затворен базен

    07/10/2026

    Клековски: Нема спорни БСЖ вакцини во употреба, ниту се пријавени несакани ефекти, нови ќе се набават од Јапонија

    07/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.