Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за случајот со можна појава на чума во истражувачки институт во Сибир, откако вработена во установата починала од пневмонија со непозната причина.
Трамп пред новинарите во Белата куќа изјавил дека за случајот ќе разговара со Путин „многу наскоро“, додавајќи дека американските разузнавачки служби водат „многу сериозни дискусии“ за ситуацијата.
Станува збор за смрт на лабораториска работничка во Институтот за истражување на чума во Иркутск, Сибир. Руските власти соопштија дека причината за смртта е пневмонија од непознато потекло, а засега нема потврда дека станува збор за зараза со чума.
По случајот, околу 200 лица кои биле во контакт со починатата биле ставени под медицински надзор како превентивна мерка. Светската здравствена организација соопшти дека внимателно ја следи состојбата, но проценува дека ризикот надвор од Русија е многу низок.
Американските власти побараа дополнителни информации од Москва, додека руските здравствени служби уверуваат дека состојбата е под контрола и дека досега нема потврдени случаи на чума поврзани со овој настан.
