Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»МЗТ Скопје се врати во Европа по 25 години, но Ираклис го однесе триумфот од „Јане Сандански“
    Спорт

    МЗТ Скопје се врати во Европа по 25 години, но Ираклис го однесе триумфот од „Јане Сандански“

    06/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    МЗТ Скопје по повеќе од 25 години повторно заигра на европската сцена, но враќањето не заврши со победа. Во салата „Јане Сандански“, грчкиот Ираклис славеше над актуелниот македонски шампион со 59:64.

    Најефикасен кај тимот од Аеродром беше Ноах со 18 поени, додека Ворнер додаде 11 поени, но тоа не беше доволно за МЗТ да стигне до пресврт и прва европска победа по враќањето.

    Домашниот тим имаше шанса за целосен пресврт во драматичната завршница. МЗТ успеа да се доближи на само еден поен негатива (57:58), но не ги искористи двата последователни напади за прво водство. Ираклис веднаш казни и поведе со 57:62.

    Тадиќ погоди за 59:62, но грчкиот тим го имаше последниот напад, кој Дијара го реализираше за конечни 59:64 и потврда на победата.

    Во поголемиот дел од натпреварот Ираклис ја контролираше играта и резултатот. МЗТ на стартот поведе со 2:0, а потоа и со 8:7, но гостите брзо го презедоа водството и стигнаа до највисоки плус девет (15:24). Првата четвртина заврши со 21:26.

    Во втората четвртина МЗТ беше подобар и со серија добри минути успеа да намали, но на пауза се замина со предност на Ираклис од 33:37. Третиот период донесе малку поефикасна игра, а гостите влегоа во последната четвртина со водство од 51:55.

    „Сино-белите“ имаа свои моменти и можност за пресврт, но не успеаја да ги искористат клучните ситуации. Ираклис ја искористи шансата и од Скопје си замина со европски триумф.

    Поврзани вести:

    Македонија падна во Луцерн, Швајцарија ги казни грешките за четврти пораз во Лигата на нации

    Македонија падна во Луцерн, Швајцарија ги казни грешките за четврти пораз во Лигата на нации

    Ѓоковиќ не запира: Нов трофеј и рекорд за српскиот ас во Пекинг

    Ѓоковиќ не запира: Нов трофеј и рекорд за српскиот ас во Пекинг

    Франција ја декласира Белгија по голем пресврт, Италија продолжува да се буди

    Франција ја декласира Белгија по голем пресврт, Италија продолжува да се буди

    Реал Мадрид го продолжува договорот со Арда Ѓулер, Турчинот добива повисока плата

    Реал Мадрид го продолжува договорот со Арда Ѓулер, Турчинот добива повисока плата

    Од олимпискиот врв до трактор: Кејти Марчант започнува нов живот

    Од олимпискиот врв до трактор: Кејти Марчант започнува нов живот

    Португалската федерација сака помирување: Роналдо останува дел од репрезентацијата

    Португалската федерација сака помирување: Роналдо останува дел од репрезентацијата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    аеродром кошарка мзт скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија падна во Луцерн, Швајцарија ги казни грешките за четврти пораз во Лигата на нации

    06/10/2026

    Ѓоковиќ не запира: Нов трофеј и рекорд за српскиот ас во Пекинг

    06/10/2026

    Франција ја декласира Белгија по голем пресврт, Италија продолжува да се буди

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.