Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка насловен „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.
Документот се фокусира на економските предизвици со кои се соочува земјата, но и на можностите за забрзување на растот преку спроведување реформи и подобрување на клучни области од економијата.
Во извештајот посебен акцент е ставен на унапредување на институционалното управување, зголемување на конкурентноста, привлекување инвестиции, развој на технологијата и иновациите, како и подобро искористување на човечкиот потенцијал и работната сила.
Извештајот на Светска банка вчера беше презентиран и пред пратениците во Собранието, каде што беа претставени главните заклучоци и препораки за идниот економски развој на државата.
