Дел од жителите и корисниците во Општина Петровец денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички активности на електроенергетската мрежа.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, прекинот во снабдувањето е поврзан со зафати што ги спроведува ЕВН Македонија.
Поради овие активности, без електрична енергија ќе остане и објектот на компанијата „Support Solution“ во населбата Ќојлија.
Прекинот е поврзан со пуштањето во употреба на новата трафостаница на „Топбилд“, со што се вршат неопходни интервенции на мрежата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
