Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Рекордни 15.050 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон, Скопје денеска во знакот на трчањето
    Скопје

    Рекордни 15.050 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон, Скопје денеска во знакот на трчањето

    04/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Скопје денеска ќе биде домаќин на најмасовното издание на Виз Ер Скопскиот маратон досега. На 22. издание на оваа спортска манифестација ќе настапат рекордни 15.050 тркачи од 63 земји, меѓу кои и голем број елитни атлетичари кои ќе се натпреваруваат за највисок пласман.

    Покрај домашните учесници, најбројни се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

    Годинава повторно ќе се одржат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на пет километри и ЕУ фор Спорт штафетната трка.

    Во главната маратонска трка ќе настапат околу 800 атлетичари, а меѓу македонските претставници најголем фаворит е минатогодишниот победник Дарио Ивановски. Во полумаратонот ќе учествуваат околу 3.000 тркачи.

    Посебен сообраќаен режим

    Поради одржувањето на маратонот, од 06:00 до 14:00 часот ќе важи посебен режим на сообраќај во повеќе делови од главниот град.

    Затворени ќе бидат улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, како и делови од булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Крушевска Република“, „Трета македонска бригада“ и улицата „Васил Чакаларов“ до Хром.

    Изменет режим ќе има и на улицата „11 Октомври“, како и во населбата Аеродром, на потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“ до раскрсницата со булеварот „Србија“.

    Возачите ќе бидат пренасочувани по алтернативни правци, а од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и, доколку е можно, да ги избегнуваат сообраќајниците по кои ќе се движат тркачите.

    Поддршка од институциите

    Организаторите најавуваат богата програма и активности долж патеката, со цел маратонот да понуди уште подобро искуство и за учесниците и за публиката.

    Најавите за годинешното издание беа презентирани на традиционалната прес-конференција, на која присуствуваа претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Зоран Стојановиќ, министерот за спорт Борко Ристовски, заменик-шефот на Мисијата на Европската Унија Бен Нупнау, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, спортскиот директор Кире Синадиновски и секретарката Гордана Николовска.

    Стојановиќ оцени дека рекордниот број учесници е доказ за меѓународниот углед што го има маратонот, додека министерот Ристовски истакна дека ваквите спортски настани придонесуваат за промоција на спортот и здравиот начин на живот.

    Поддршка даде и Делегацијата на Европската Унија, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани да излезат покрај патеката и да им дадат поддршка на тркачите.

    Во организацијата годинава ќе бидат вклучени околу 500 волонтери, распоредени на различни позиции долж трасата, кои ќе се грижат натпреварите да поминат безбедно и во најдобар ред.

    Поврзани вести:

    Дел од Општина Петровец денеска без струја поради планирани работи на мрежата

    Дел од Општина Петровец денеска без струја поради планирани работи на мрежата

    Ждребе се роди на улица во Карпош, граѓани реагираа за да му помогнат

    Ждребе се роди на улица во Карпош, граѓани реагираа за да му помогнат

    „Бела ноќ“ го оживеа Скопје: Илјадници граѓани уживаа во музика, уметност и културни настани

    „Бела ноќ“ го оживеа Скопје: Илјадници граѓани уживаа во музика, уметност и културни настани

    Дел од скопските улици утре затворени за сообраќај поради маратонот

    Дел од скопските улици утре затворени за сообраќај поради маратонот

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    атлетика маратон скопје скопски маратон сообраќаен режим
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дел од Општина Петровец денеска без струја поради планирани работи на мрежата

    05/10/2026

    Ждребе се роди на улица во Карпош, граѓани реагираа за да му помогнат

    04/10/2026

    „Бела ноќ“ го оживеа Скопје: Илјадници граѓани уживаа во музика, уметност и културни настани

    04/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.