Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Македонија повторно без гол и без бодови, Шкотска славеше во Скопје
    Спорт

    Македонија повторно без гол и без бодови, Шкотска славеше во Скопје

    04/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фудбалската репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во Лигата на нации, откако на Националната арена „Тодор Проески“ загуби од Шкотска со 0:2.

    Гостите ја искористија својата надмоќ и со головите на Киран Боуви во шестата минута и Џон Мекгин од пенал во 70. минута стигнаа до победата. Македонија и на овој натпревар остана без постигнат погодок, продолжувајќи ја голгетерската криза во ова натпреварување.

    Шкотска веднаш на стартот покажа дека ќе биде опасен противник. Енди Робертсон прв се закани со силен удар од далечина, но Столе Димитриевски одлично интервенираше.

    Само неколку моменти подоцна, гостите го отворија резултатот. Киран Боуви упати удар од околу 25 метри и успеа да го совлада македонскиот голман за водство од 0:1.

    Шкотска продолжи со притисокот, а Робертсон во деветтата минута повторно се најде во шанса, но неговиот удар заврши покрај голот.

    Македонија првата посериозна можност ја имаше во 22. минута, кога Бојан Илиевски побегна по десната страна, но неговиот удар не го погоди посакуваниот простор.

    До крајот на првото полувреме, Шкотска имаше уште една добра можност за зголемување на предноста, но Ганон-Доук шутираше над голот.

    Во продолжението гостите повторно беа поопасниот тим. Во 56. минута судијата Летесие покажа на белата точка по стартот на Гаштаров, но по прегледување на снимката од ВАР системот ја промени одлуката.

    Сепак, неколку минути подоцна, ВАР повторно интервенираше, а овојпат беше досуден пенал за Шкотска поради игра со рака на Бојан Миовски. Џон Мекгин беше прецизен од 11 метри и го постави конечниот резултат.

    Шкотска во 83. минута остана со играч помалку по црвениот картон на Скот Мекена, но македонските фудбалери не успеаја да го искористат периодот со бројчена предност и да го постигнат првиот гол во овој циклус.

    По три одиграни натпревари во Лигата на нации, Македонија останува без победа и без постигнат погодок.

    Поврзани вести:

    Седлоски не размислува за оставка, вели дека боли, но најави и дека нема да застане тука

    Седлоски не размислува за оставка, вели дека боли, но најави и дека нема да застане тука

    Англија ја демолира Хрватска со 7:0, историски пораз за „коцкестите“ на домашен терен

    Англија ја демолира Хрватска со 7:0, историски пораз за „коцкестите“ на домашен терен

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    Катастрофален старт за Еурофарм Пелистер, Шпанците славеа убедливо во Битола

    Катастрофален старт за Еурофарм Пелистер, Шпанците славеа убедливо во Битола

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    гоце седлоски македонија пораз репрезентација седлоски селектор шкотска
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Седлоски не размислува за оставка, вели дека боли, но најави и дека нема да застане тука

    04/10/2026

    Англија ја демолира Хрватска со 7:0, историски пораз за „коцкестите“ на домашен терен

    03/10/2026

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.