Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Македонија без победа десет меча, Седлоски тестираше 42 фудбалери, но голови нема
    Спорт

    Македонија без победа десет меча, Седлоски тестираше 42 фудбалери, но голови нема

    30/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува да се соочува со сериозен резултатски пад. Националниот тим е веќе десет натпревари без победа, а негативната серија во нападот достигна 607 минути без постигнат погодок.

    Под водство на селекторот Гоце Седлоски, Македонија одигра шест натпревари со биланс од четири порази и две нерешени средби. Во тој период репрезентацијата не успеа да ја затресе противничката мрежа ниту еднаш, односно цели 540 минути остана без гол.

    Интересно е што во овие шест натпревари Седлоски им даде шанса на дури 42 фудбалери. Иако три од средбите беа официјални и натпреварувачки, што остава помал простор за експерименти, селекторот ротираше голем број играчи во потрага по вистинското решение.

    Само тројца фудбалери настапија на сите шест натпревари – Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Висар Муслиу. Најголема минутажа имаше Димитриевски со 485 минути, Елмас одигра 473, а Муслиу 353 минути.

    Пет настапи забележаа напаѓачите Елмин Растодер и Бојан Миовски, како и дефанзивецот Ѓоко Зајков. Растодер одигра 228 минути, Миовски 197, а Зајков 326 минути.

    Со по четири настапи се шестмина фудбалери – Ерера (315 минути), Барди (254), Омерагиќ (234), Атанасов (225), Елези (216) и Чурлинов (214).

    На три натпревари настапија Стојчевски, Фетаи, Велковски, Аломеровиќ, Ристовски, Серафимов и Николов, додека десет фудбалери имаат по два настапи. Само Матеј Гаштаров од оваа група одигра максимални 180 минути. Уште 13 играчи добија шанса на еден натпревар.

    Иако беше дадена можност за настап на голем број фудбалери, резултатот останува разочарувачки – Македонија не само што не успеа да победи, туку во последниот период не им донесе ниту еден погодок на своите навивачи.

    Поврзани вести:

    Ѓоковиќ победнички се врати во Пекинг, ја забележа првата победа по Вимблдон

    Ѓоковиќ победнички се врати во Пекинг, ја забележа првата победа по Вимблдон

    Шок во Бугарија: Ликвидиран првиот човек на фудбалскиот клуб Ботев

    Шок во Бугарија: Ликвидиран првиот човек на фудбалскиот клуб Ботев

    Шпанија со четири гола ја совлада Хрватска, Англија до победа во Прага

    Шпанија со четири гола ја совлада Хрватска, Англија до победа во Прага

    Македонија без гол и без бодови по два натпревари, Словенија славеше со 2:0

    Македонија без гол и без бодови по два натпревари, Словенија славеше со 2:0

    Јокиќ останува во Денвер, но рекордниот договор ќе го потпише следното лето

    Јокиќ останува во Денвер, но рекордниот договор ќе го потпише следното лето

    Македонија со две победи го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“

    Македонија со две победи го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ѓоковиќ победнички се врати во Пекинг, ја забележа првата победа по Вимблдон

    30/09/2026

    Шок во Бугарија: Ликвидиран првиот човек на фудбалскиот клуб Ботев

    30/09/2026

    Шпанија со четири гола ја совлада Хрватска, Англија до победа во Прага

    29/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.