Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“, се санира една од најфреквентните скопски сообраќајни врски
    Скопје

    Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“, се санира една од најфреквентните скопски сообраќајни врски

    24/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На мостот „Естакада“ во општина Гази Баба се одвива ноќно асфалтирање во рамки на санацијата на една од најзначајните сообраќајни врски во овој дел од Скопје.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека работите се изведуваат во вечерните часови со цел да се намалат сообраќајните застои и да се избегнат дополнителни гужви во текот на денот.

    „Ваквата практика ќе продолжи секаде каде што дозволуваат условите, затоа што времето на граѓаните заслужува почит, а нивното секојдневие мора да биде дел од секој наш план за работа“, наведе Ѓорѓиевски.

    Со санацијата се опфатени пристапните рампи на мостот со вкупна површина од 10.000 квадратни метри. Од нив, 3.800 квадратни метри се целосно обработени со гребење и поставување два нови слоја асфалт, додека на самиот мост се нанесува нов асфалтен слој.

    Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри. Во рамки на проектот се поставуваат и нови рабници и тротоари, се бојадисува заштитната пешачка ограда и се поставуваат нови капаци за шахтите.

    Според Ѓорѓиевски, санацијата е одговор на долгогодишните барања на жителите, имајќи предвид дека „Естакада“ претставува еден од најкористените излези од Скопје, кој го користат голем број граѓани за патување до работа, училиште и секојдневни обврски.

    „Зад секој саниран метар стои конкретна придобивка – побезбедно патување, подобра поврзаност и поквалитетно секојдневие за илјадници граѓани“, порача градоначалникот.

    Тој најави дека ќе продолжат активностите за санација на мостовите во градот каде што има потреба, со приоритет на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    Поврзани вести:

    ЕВН најави прекини на струја: Делови од седум скопски општини денеска без електрична енергија

    ЕВН најави прекини на струја: Делови од седум скопски општини денеска без електрична енергија

    Скопје добива 100 електрични автобуси, БРТ и градски воз

    Скопје добива 100 електрични автобуси, БРТ и градски воз

    Завршува реконструкцијата на улицата „Ленинова“ во Општина Центар

    Завршува реконструкцијата на улицата „Ленинова“ во Општина Центар

    Прекин на водоснабдувањето во Карпош поради дефект

    Прекин на водоснабдувањето во Карпош поради дефект

    Во Железара гореше магацин за бои и лакови, 20 пожарникари на терен го изгасија

    Во Железара гореше магацин за бои и лакови, 20 пожарникари на терен го изгасија

    Дарко Костовски: Со четири милиони денари го поддржуваме спортот во Бутел

    Дарко Костовски: Со четири милиони денари го поддржуваме спортот во Бутел

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ЕВН најави прекини на струја: Делови од седум скопски општини денеска без електрична енергија

    24/09/2026

    Скопје добива 100 електрични автобуси, БРТ и градски воз

    23/09/2026

    Завршува реконструкцијата на улицата „Ленинова“ во Општина Центар

    23/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.