ЕВН Македонија информира дека денеска поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа без електрична енергија привремено ќе останат делови од повеќе скопски општини.
Во општина Бутел, дел од улицата „Костурска“ ќе биде без струја од 07:50 до 09:50 часот, а од 10:05 до 12:05 часот без напојување ќе останат дел од улицата „Костурска“, Болницата „Санте Плус“ и Болницата „ВФВ“.
Во општина Сарај, од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од главната улица кај маркет „Ер Грос“ и „Јони Хоме Центер“.
Во општина Кисела Вода, поради зафат на електродистрибутивната мрежа, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе останат улиците „Емил Зола“ и „Мишко Михајловски“.
Во општина Илинден, поради замена на електричен столб и изведување други работи на мрежата, од 09:00 до 13:00 часот без напојување ќе бидат улиците 10 и 21 во селото Кадино.
Во општина Аеродром, од 10:00 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на булеварот „12-та Македонска бригада“ број 61, 63 и 65.
Во општина Карпош, од 13:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Варшавска“.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.
