Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Четворица приведени за кражби во тетовско и кумановско, пронајдено оружје и муниција
    Хроника

    Четворица приведени за кражби во тетовско и кумановско, пронајдено оружје и муниција

    21/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Полицијата приведе четири лица од Тетовско и Кумановско, осомничени за кражби и тешки кражби, при што биле пронајдени оружје, муниција и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

    Како што информира МВР, на 19 септември во 16:55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, ги лишиле од слобода С.У. (26) од село Долно Палчиште и А.Е. (34) од село Липково.

    Двајцата се сомничат за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. Од А.Е. било одземено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, а при претреси на неколку локации во атарот на селата Камењане и Палчиште биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки карабин, поголема количина муниција и повеќе предмети кои, според полицијата, потекнуваат од кривичните дела.

    Истиот ден во 18:50 часот, по судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории кај Б.У. (26) од Долно Палчиште, по што и тој бил приведен.

    Во продолжение на акцијата, на 20 септември во 02:20 часот во Полициската станица Тетово бил задржан и А.А. (34) од село Отља, општина Липково, кој претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Куманово. Од него било одземено возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки.

    Сите четири лица се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    Поврзани вести:

    Семејно насилство во Велес: Уапсен 71-годишен маж

    Семејно насилство во Велес: Уапсен 71-годишен маж

    Голема полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија за нелегална трговија со лекови

    Голема полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија за нелегална трговија со лекови

    Истрага против тројца за палење отпад кај депонијата „Буково“

    Истрага против тројца за палење отпад кај депонијата „Буково“

    Безживотно тело пронајдено на Шар Планина на над 2.500 метри

    Безживотно тело пронајдено на Шар Планина на над 2.500 метри

    Три возила изгореа во два одделни пожари во Скопје

    Три возила изгореа во два одделни пожари во Скопје

    Пијан државјанин на Мексико нападнал полицаец на манифестација во Ѓорче Петров

    Пијан државјанин на Мексико нападнал полицаец на манифестација во Ѓорче Петров

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Семејно насилство во Велес: Уапсен 71-годишен маж

    21/09/2026

    Голема полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија за нелегална трговија со лекови

    21/09/2026

    Истрага против тројца за палење отпад кај депонијата „Буково“

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.