Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Петровец и Кисела Вода поради закажани активности на електродистрибутивната мрежа.
Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улиците „1“ и „5“ во Општина Петровец, како и Кипер Маркетот во тој реон.
Во Општина Кисела Вода, прекин на електричната енергија е најавен во периодот од 09:00 до 14:00 часот, кога без струја ќе бидат корисниците на улицата „Ваташа“.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности во периодот на прекините.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
