Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»(Видео) ВАР направил пропуст: Премиер лигата му призна грешка на Јунајтед
    Спорт

    (Видео) ВАР направил пропуст: Премиер лигата му призна грешка на Јунајтед

    13/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Долго ќе се зборува за судиските одлуки по дербито на Манчестер, во кое Сити славеше минимална победа над Јунајтед со 1:0.

    „Црвените ѓаволи“ од 23. минута имаа играч повеќе на теренот, но не успеаја да го искористат тоа и да стигнат до погодок. Тимот на Пеп Гвардиола до трите бода стигна благодарение на голот на Ерлинг Халанд, но токму моментот околу неговата реализација предизвика најмногу реакции во англиската јавност.

    Одлуката на ВАР да го потврди погодокот на норвешкиот напаѓач предизвика голема дебата, а само неколку часа подоцна Судиската организација на Премиер лигата излезе со ново соопштение во кое призна дека била направена грешка во проценката.

    „Судиската организација потврдува грешка во проценката на голот на Халанд и директно го информира Манчестер Јунајтед. Во врска со ситуацијата од 60. минута на натпреварот од Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на „Олд Трафорд“, сакаме да ги разјасниме околностите околу голот на Ерлинг Халанд“, стои во соопштението.

    Од организацијата објаснија дека првичната одлука на теренот била офсајд позиција на Халанд, но по проверката ВАР проценил дека фудбалерот бил во дозволена позиција.

    Сепак, дополнителната анализа покажала дека требало да се разгледа и влијанието на позицијата на играчот врз целата акција.

    „Беше утврдено дека Енцо Фернандез не ја играл топката, поради што проценката за можно влијание врз играта станала субјективна одлука. Во овој случај, ВАР не го препозна веројатното влијание на неговата позиција и требало да препорача судијата да ја разгледа ситуацијата на видео-екранот“, наведоа од Судиската организација.

    Од Премиер лигата дополнително информираа дека вечерта бил контактиран Манчестер Јунајтед и дека клубот бил известен оти според нивната проценка е направена грешка.

    „Ќе следи целосна анализа на оваа ситуација“, порачаа од надлежното судиско тело.

    Поврзани вести:

    Македонија со убедливи 41:23 го прегази Луксембург на стартот од квалификациите

    Македонија со убедливи 41:23 го прегази Луксембург на стартот од квалификациите

    Манчестер Јунајтед со луд пресврт против Рома, ПСЖ со шест гола, Баерн го освои Мадрид

    Манчестер Јунајтед со луд пресврт против Рома, ПСЖ со шест гола, Баерн го освои Мадрид

    Загриженост пред настапот во Париз: Ѓоковиќ има проблеми со грбот?

    Загриженост пред настапот во Париз: Ѓоковиќ има проблеми со грбот?

    Вардар во сериозна криза, Струга ТЛ се оддалечи на пет бода

    Вардар во сериозна криза, Струга ТЛ се оддалечи на пет бода

    Вардар убедлив во дербито со Пелистер, шампионот останува со максимален ефект

    Вардар убедлив во дербито со Пелистер, шампионот останува со максимален ефект

    Тројца млади македонски спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Дакар

    Тројца млади македонски спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Дакар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија со убедливи 41:23 го прегази Луксембург на стартот од квалификациите

    04/11/2026

    Манчестер Јунајтед со луд пресврт против Рома, ПСЖ со шест гола, Баерн го освои Мадрид

    03/11/2026

    Загриженост пред настапот во Париз: Ѓоковиќ има проблеми со грбот?

    03/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.