Елена Рибакина е новата шампионка на УС Опен, откако во големото финале ја совлада првата носителка Арина Сабаленка со 2:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:2).
Казахстанската тенисерка одлично го отвори мечот и го доби првиот сет со 6:4. Сабаленка возврати во вториот сет, кој го освои со 7:5, но во решавачкиот дел Рибакина повторно ја презеде контролата, одигра сигурно и со убедливи 6:2 стигна до титулата.
Со овој триумф, Рибакина ја освои својата трета Гренд слем титула во кариерата, по Вимблдон во 2022 година и Австралија опен во 2026 година.
Таа ја продолжи одличната сезона на тврда подлога, откако претходно годинава триумфираше и на Австралија опен.
Од друга страна, Арина Сабаленка не успеа да ја освои третата последователна титула на УС Опен, откако беше шампионка во 2024 и 2025 година.
Покрај трофејот во Њујорк, Рибакина со оваа победа официјално ќе се искачи на првото место на ВТА-листата, станувајќи првата тенисерка од Казахстан која ќе биде број еден во светот.
