Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Во „Пулс“ немало ниту една противпожарна инспекција 13 години пред трагедијата, покажало вештачењето
    Република

    Во „Пулс“ немало ниту една противпожарна инспекција 13 години пред трагедијата, покажало вештачењето

    02/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во периодот од 2012 до 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани не била спроведена ниту една инспекциска контрола од инспектор за противпожарна заштита. Овој податок беше изнесен пред Основниот кривичен суд во Скопје при презентацијата на градежното вештачење во судскиот процес за катастрофалниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Судската вештачка Маријана Лазаревска ги образложи наодите од вештачењето, при што посочи на сериозни пропусти во противпожарната заштита и безбедноста на објектот. Според вештачењето, влезната врата не ги исполнувала пропишаните безбедносни стандарди, а клубот немал соодветно проектирани и обезбедени евакуациски патишта за безбедно напуштање на објектот во случај на пожар.

    Во извештајот се наведува дека објектот требало да располага со соодветна техничка документација и системи кои ќе овозможат конструкцијата да ја задржи својата носивост при пожар, да се спречи ширењето на огнот и чадот и да се обезбеди безбедна евакуација на посетителите. Според презентираните наоди, ниту еден од овие клучни услови не бил исполнет.

    Особено внимание на денешното рочиште беше посветено на фактот дека цели 13 години клубот не бил предмет на контрола од надлежен инспектор за противпожарна заштита. Според обвинителството, Дирекцијата за заштита и спасување во тој период не обезбедила инспектор за подрачјето на Кочани, а дискотеката „Пулс“ не била опфатена ниту со плановите за редовни инспекциски надзори, иако станувало збор за објект во кој редовно престојувал голем број посетители.

    Обвинителството тврди дека клубот од 2012 до трагичниот пожар во 2025 година незаконски вршел угостителска дејност, без исполнување на минималните технички услови за работа. Дополнително, според обвинението, во објектот биле изведувани градежни интервенции без соодветни дозволи и без стручен надзор.

    Во вештачењето е наведено и дека во ентериерот биле користени лесно запаливи синтетички и полимерни материјали, кои значително придонеле за брзото ширење на пожарот и густото задимување, што им ја отежнало евакуацијата на присутните.

    Одбраната на сопственикот на „Пулс“ ги оспорува дел од наодите и методологијата според која е изработено градежното вештачење, додека конечната оценка за доказите и евентуалната одговорност на обвинетите ќе ја донесе судот по завршување на доказната постапка.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март 2025 година, кога пиротехнички средства употребени за време на музички настап го запалија плафонот на објектот. Трагедијата, во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, се смета за една од најголемите несреќи во поновата историја на Македонија.

    Во судскиот процес обвинети се поранешни функционери, инспектори, сопственици и управители на клубот, лица од обезбедувањето, како и други службени лица, кои според обвинителството со своето постапување или непостапување придонеле за трагичниот исход.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.