Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Утре почнува новата учебна година: За една деценија Македонија изгубила речиси 9.000 првачиња
    Република

    Утре почнува новата учебна година: За една деценија Македонија изгубила речиси 9.000 првачиња

    31/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Околу 14.500 првачиња досега се запишани за учебната 2026/2027 година, а конечната бројка ќе биде позната по завршувањето на уписите во септември, соопшти пред некој ден министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во споредба со учебната 2016/2017 година, кога имало 23.266 првачиња, сегашната бројка е помала за речиси 9.000 деца. Падот на наталитетот е една од причините, но најголемата е иселувањето.

    Последиците веќе се чувствуваат и во училишната мрежа, бидејќи годинава бројот на паралелки е намален за околу 200 во основното и за уште 100 во средното образование. Истовремено, 26 рурални училишта во кои нема ниту едно запишано прваче треба да престанат со работа, а во дел од нив моментално учат само од пет до осум деца.

    Демографскиот пад, сепак, не е рамномерно распореден, бидејќи додека руралните средини остануваат без ученици, во делови од Скопје има недостиг од училници и потреба од проширување на училиштата. Ваквата состојба укажува и на силна внатрешна миграција кон главниот град и поголемите урбани центри, поради што во едни делови од земјата се затвораат училишта, а во други се бараат нови капацитети.

    Конечниот број на првачиња во септември ќе покаже колкави се вистинските размери на падот, но сегашните податоци веќе укажуваат дека празните училишни клупи се последица не само на намалениот наталитет, туку и на иселувањето и демографското празнење на земјата.

    Поврзани вести:

    Гори на седум места во Македонија, во последните 24 часа изгаснати 24 пожари

    Гори на седум места во Македонија, во последните 24 часа изгаснати 24 пожари

    Сончево и жешко со температури до 38 степени

    Сончево и жешко со температури до 38 степени

    Бројот на ученици во Македонија продолжува да се намалува, пад и во основното и во средното образование

    Бројот на ученици во Македонија продолжува да се намалува, пад и во основното и во средното образование

    Пожарот на Пелистер и понатаму најтежок за гасење, повреден возач на булдожер

    Пожарот на Пелистер и понатаму најтежок за гасење, повреден возач на булдожер

    ЦУК: Се уште се активни 8 пожари

    ЦУК: Се уште се активни 8 пожари

    Силно невреме го погоди Истокот, Кочани остана без струја

    Силно невреме го погоди Истокот, Кочани остана без струја

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Гори на седум места во Македонија, во последните 24 часа изгаснати 24 пожари

    31/08/2026

    Сончево и жешко со температури до 38 степени

    31/08/2026

    Бројот на ученици во Македонија продолжува да се намалува, пад и во основното и во средното образование

    30/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.