Со убедлива победа против Австрија во Виена, македонската кошаркарска репрезентација го почна вториот дел од претквалификациите за Европското првенство во кошарка. Конечниот резултат е 91:59.
Ненад Димитриевиќ оствари трипл – дабл со постогнати 15 коша и остварени 14 скокови и 11 асистенции. Останатите поени за Македонија ги постигнаа Ефремовски – 17, Мекиќ и Рајт по 12, Ташовски 9, Стојановски 7.
Следниот натпревар нашите кошаркари го играат во Скопје против Кипар на 26 ноември.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
