Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Албанија воведува построги правила во училиштата: Забрана за телефони и нездрава храна
    Свет

    Албанија воведува построги правила во училиштата: Забрана за телефони и нездрава храна

    30/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Албанија од новата учебна 2026/2027 година воведува нови и построги правила во основните и средните училишта, со цел зголемување на безбедноста, дисциплината и подобрување на училишната средина.

    Учебната година во Албанија започнува на 14 септември, а учениците уште од првиот ден ќе бидат запознаени со новите правила кои ќе мора доследно да ги почитуваат.

    Меѓу најзначајните измени се забраната за користење мобилни телефони за време на наставата, како и забраната за внесување и консумирање нездрава храна во училиштата.

    Во секое одделение ќе се презентираат безбедносните протоколи, правилата за облекување, принципите на меѓусебно почитување и соживот, како и однесувањето кое се очекува од учениците во рамки на училишната заедница.

    Во спроведувањето на новите мерки ќе бидат вклучени наставниците, психосоцијалните служби, училишното обезбедување и останатиот персонал, со цел правилата да бидат јасно разбрани и применувани во пракса.

    Дополнително, ќе биде воведен систем за проценка и управување со ризици во училиштата. Локалните образовни канцеларии ќе назначуваат координатори за ризик, а училиштата ќе се категоризираат според степенот на безбедносен ризик.

    Во дел од училиштата веќе се поставени безбедносни камери, а проценката на ризиците ќе се врши преку анкети, собирање податоци и физички проверки на објектите.

    Директорите ќе имаат обврска да преземаат конкретни мерки за намалување на ризиците и да соработуваат со локалните власти, полицијата и здравствените институции.

    Како еден од главните приоритети за новата учебна година е посочена и борбата против насилството, врсничкото малтретирање и насилниот екстремизам, со поголема вклученост на училиштата, родителите и локалната заедница.

    Поврзани вести:

    (Видео) Се преврте патнички брод кај Кипар со 267 лица, досега спасени 159 патници

    (Видео) Се преврте патнички брод кај Кипар со 267 лица, досега спасени 159 патници

    Исланд и кажа НЕ на Европската Унија

    Исланд и кажа НЕ на Европската Унија

    Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија и воена воздухопловна база

    Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија и воена воздухопловна база

    Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Непал порасна на 734

    Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Непал порасна на 734

    Иранскиот врховен лидер со писмо ги повика земјите од регионот на единство

    Иранскиот врховен лидер со писмо ги повика земјите од регионот на единство

    Крвава журка во Швајцарија: Има убиени и ранети во огнена претстрелка

    Крвава журка во Швајцарија: Има убиени и ранети во огнена претстрелка

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Се преврте патнички брод кај Кипар со 267 лица, досега спасени 159 патници

    30/08/2026

    Исланд и кажа НЕ на Европската Унија

    30/08/2026

    Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија и воена воздухопловна база

    30/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.