Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можност од појава на одрони. Како покритични делници се посочуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
