Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Шеста жртва од западнонилска треска, бројот на заболени надмина 50
    Република

    Шеста жртва од западнонилска треска, бројот на заболени надмина 50

    27/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нов смртен случај од западнонилска треска е регистриран во Македонија, со што бројот на починати од почетокот на епидемијата се искачи на шест. Станува збор за 72-годишен маж од скопската општина Аеродром, кој пред 15 дена бил хоспитализиран со тешка клиничка слика. Бројот на заболени бележи значителен пораст, со повеќе од десет нови случаи во период од само една седмица. Според последните податоци, евидентирани се вкупно 53 пациенти кои ја прележале болеста, се лекуваат или се водат како сомнителни, од кои 50 случаи се лабораториски потврдени, а за тројца се очекуваат дополнителни резултати.

    На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов се хоспитализирани 18 пациенти со потврдена западнонилска треска, а најмладиот пациент има 26 години и е во добра здравствена состојба. Петмина од хоспитализираните се на интензивна нега со тешка клиничка слика и станува збор за повозрасни лица.

    Само еден ден претходно, министерот за здравство Сашко Клековски информираше дека имало пет смртни случаи, 50 потврдени и три сомнителни случаи, како и 21 хоспитализиран пациент, од кои шестмина биле на интензивна нега. Клековски тогаш соопшти и дека 25 пациенти кои биле лекувани на Инфективната клиника се излекувани и пуштени дома, а 52 од вкупно 53 евидентирани пациенти развиле невроинвазивна форма на болеста. Здравствените власти продолжуваат да ја следат состојбата, додека во Скопје е завршена четвртата тура прскање против возрасни комарци и се спроведуваат дополнителни третмани во ризичните подрачја.

    Поврзани вести:

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    Речиси 25.000 граѓани пријавени за вакцинација против сезонски грип, првите дози пристигнуваат

    Речиси 25.000 граѓани пријавени за вакцинација против сезонски грип, првите дози пристигнуваат

    Мицкоски дециден: Кога-тогаш, Ива и нејзиниот татко ќе одговараат

    Мицкоски дециден: Кога-тогаш, Ива и нејзиниот татко ќе одговараат

    Пронајден и казнет возачот кој „дрифташе“ во Штип

    Пронајден и казнет возачот кој „дрифташе“ во Штип

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    16/10/2026

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    16/10/2026

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.