Четириесет и петгодишен жител на Гостивар доби кривична пријава поради сомнение дека сторил кривични дела „силување во обид“ и „телесна повреда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против И.Т. (45) од Гостивар.
Според информациите, на 15 август во семејниот дом, осомничениот се обидел со сила да ја принуди својата 35-годишна сопруга на сексуален однос.
Во истиот инцидент, како што наведуваат од полицијата, тој физички ги нападнал и нивните две малолетни деца.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
