Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Осум пожари сè уште активни низ Македонија, огнената стихија кај Струмица ставена под контрола
    Хроника

    Осум пожари сè уште активни низ Македонија, огнената стихија кај Струмица ставена под контрола

    23/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Меѓу поголемите пожари беше и оној што вчера околу пладне се прошири кон Струмица и месноста Софилар, но огнот во меѓувреме е ставен под контрола.

    Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, под контрола е целиот потег од селата Водоча и Баница до Софилар, а активно останува само едно тешко пристапно жариште кај Водоча. Во еден момент пламените јазици навлегле во дворовите на куќите и викендичките во Софилар, но според градоначалникот Петар Јанков нема поголема материјална штета. Во гаснењето учествувале пожарникари од Струмица и околните градови, еден „ер трактор“ на ДЗС и механизација која ископувала противпожарни пречки.

    Според ЦУК, активен е пожарот кај прилепското село Бонче, каде што гори ниска вегетација и нискостеблести растенија. Огнот е активен и меѓу Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде што е зафатена мешана шума.

    Во Студеничани се интервенира кај селото Цветово, на стариот пат кон Елово, додека во Македонски Брод активни се пожарите кај Видуш, Драгов Дол и Локвица. Во Кичевско гори високостеблеста букова шума кај селото Тајмиште, во месноста Дарда. Активни пожари има и кај Ломница и Ѓурѓевиште во Општина Врапчиште, како и во општините Маврово и Ростуше и Желино.

    Од вкупно 31 регистриран пожар, 23 се целосно изгаснати во повеќе општини низ државата, а гореле ниска вегетација, шума, стрништа, депонии, отпад и овоштарници. Во Гостиварско, пожарот кај селото Теново е изгаснат, но претходно зафатил ниска вегетација и две стари куќи.

    Поврзани вести:

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    Црногорец фатен на Табановце, возел 185 километри на час на автопат

    Црногорец фатен на Табановце, возел 185 километри на час на автопат

    Кривични пријави за тројца по полициската акција во Скопје, одземен службен пиштол и запленета марихуана

    Кривични пријави за тројца по полициската акција во Скопје, одземен службен пиштол и запленета марихуана

    Кривична пријава за 20-годишник од Голема Речица по истрага на МВР и ФБИ

    Кривична пријава за 20-годишник од Голема Речица по истрага на МВР и ФБИ

    Уапсен 22-годишник од Мала Речица, осомничен дека користел паркинг без да плаќа со компјутерска измама

    Уапсен 22-годишник од Мала Речица, осомничен дека користел паркинг без да плаќа со компјутерска измама

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    водоча контрола пожар струмица
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    15/10/2026

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    15/10/2026

    Црногорец фатен на Табановце, возел 185 километри на час на автопат

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.