Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Нов пожар кај Струмица, во Македонија активни најмалку 11 огнени жаришта
    Република

    Нов пожар кај Струмица, во Македонија активни најмалку 11 огнени жаришта

    22/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нов пожар избувна во близина на Струмица, додека надлежните институции продолжуваат со борбата против повеќе активни огнени жаришта низ Македонија.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека големиот мариовски пожар е ставен под контрола и дека останува активен само кракот кон селото Бонче.

    Во прилепскиот регион и понатаму се активни пожари во атарите на селата Мажучиште, Коњари и Бонче. За пожарот кај Бонче е наведено дека е дел од поголемото мариовско жариште.

    „Добра вест е што мариовскиот пожар е речиси целосно изгаснат и останува активен само кракот кон Бонче. Утрово таму ги упативме тимовите за брз одговор на ДЗС“, изјави Ангелов.

    Најкритична е состојбата во струмичкиот регион, каде пожарот во атарите на селата Баница и Водоча се приближил до куќите. Според Ангелов, нема изгорени станбени објекти, освен една помошна просторија, а една постара жена која одбивала евакуација била изнесена од викендицата.

    Поради сериозноста на пожарот, побарана е помош од противпожарните екипи од Валандово и Радовиш.

    Активен пожар има и во Општина Студеничани, каде огнот се движи кон планинското село Цветово и претставува опасност за објект во кој најверојатно има трло.

    Пожар гори и во тетовското село Церово во Општина Желино. Според Ангелов, зафатени се неквалитетна шума, грмушки и трње, но постои ризик огнот да ги загрози лозовите насади во регионот.

    Нови пожари се регистрирани и во кичевското село Тајмиште, кај селото Ломница во Општина Врапчиште, како и во Општина Маврово и Ростуше, каде интервенираат пожарникари, припадници на ДЗС и локално население.

    Според последните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, низ државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни.

    Поврзани вести:

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.