Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Шкендија елиминирана од Хибернијан, Македонија остана без претставник во Европа
    Спорт

    Шкендија елиминирана од Хибернијан, Македонија остана без претставник во Европа

    13/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот вицепрвак Шкендија го заврши настапот на европската фудбалска сцена, откако не успеа да го елиминира шкотскиот Хибернијан во третото квалификациско коло од Конференциската лига.

    По поразот од 1-2 на првиот натпревар во Шкотска, тетовци вечерва во реваншот во Скопје одиграа 0-0, резултат кој беше доволен за Хибернијан да обезбеди пласман во следната рунда.

    Шкендија уште од самиот почеток тргна офанзивно и се обиде што побрзо да стигне до гол. Во третата минута Круезиу шутираше од работ на шеснаесетникот, но топката за малку заврши покрај голот. Истиот фудбалер се обиде и во 26. минута од далечина, но ударот беше непрецизен.

    Тоа беше практично сè што успеа да создаде Шкендија во првото полувреме.

    Слична беше сликата и во продолжението. Тетовци имаа поголема иницијатива и постојано се обидуваа да го загрозат голот на гостите, но недостигаше конкретна завршница.

    Хибернијан, пак, во вториот дел имаше две одлични можности да го реши натпреварот. Сепак, голманот Рамни беше на висина на задачата и во двата наврати спречи сигурен погодок. Во 65. минута Нзенгуе се обиде да го промени резултатот, но и неговиот удар заврши покрај голот.

    Со елиминацијата на Шкендија, Македонија остана без претставник во европските фудбалски натпреварувања.

    Претходно од Конференциската лига беа елиминирани Силекс и Вардар, кој настапот во Европа го започна во квалификациите за Лигата на шампионите.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.