Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»ФЗО: Нема технички проблем, здравственото осигурување на дел од вработените во МВР зависи од уплатата на придонесите
    Република

    ФЗО: Нема технички проблем, здравственото осигурување на дел од вработените во МВР зависи од уплатата на придонесите

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на дел од вработените во Министерството за внатрешни работи не е последица на технички проблем или застој во системот на Фондот, туку на неевидентирани уплати на придонесите за одреден период.

    Од Фондот појаснуваат дека во системот се евидентирани вработени кои се вратиле на работа врз основа на судски одлуки, а за дел од нив сè уште не е извршена соодветна уплата на придонесите за здравствено осигурување за периодот за кој се пријавени.

    „Станува збор за системски воспоставен механизам кој подеднакво се применува за сите правни субјекти во државата. Пријавувањето на вработените, пресметката и уплатата на придонесите се процеси што се спроведуваат преку Управата за јавни приходи, додека Фондот го евидентира статусот врз основа на податоците за извршената уплата“, наведуваат од ФЗО.

    Оттаму додаваат дека кога кај одреден работодавач дополнително се пријавуваат вработени за претходен период, потребно е да се направи корекција на пресметката на платите и да се доплатат придонесите за тие лица.

    По евидентирањето на уплатата, здравственото осигурување автоматски се активира.

    Од Фондот нагласуваат дека не станува збор за поединечна административна одлука или рачно исклучување на осигурениците, туку за автоматизиран процес кој еднакво важи за сите институции и работодавачи.

    Во соопштението се посочува дека и самиот Фонд во минатото се соочил со идентична ситуација кај сопствените вработени, што, според нив, потврдува дека системот функционира по исти правила за сите.

    Од ФЗО додаваат дека кај институции со голем број вработени, како што е Министерството за внатрешни работи, дополнителното пријавување лица по основ на судски одлуки може да има пошироки последици доколку навремено не се извршат корекциите и уплатата на придонесите.

    Во моментов, претставници на Фондот и на Министерството за внатрешни работи се во директна координација за надминување на состојбата во најкраток можен рок.

    Фондот апелира до сите институции и работодавачи, при враќање или дополнително пријавување вработени за претходен период, особено врз основа на судски одлуки, навремено да ги спроведат потребните корекции на пресметките и уплатата на придонесите за да не дојде до прекин на здравственото осигурување.

    Поврзани вести:

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    21/10/2026

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.