Левица, според најавата од претседателот Димитар Апасиев, на претстојните локални избори ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје.
„Овој пат ќе имаме свој партиски кандидат за Скопје. Сметаме дека сме доволно политички профилирани и дека нашата кандидатура ќе биде препознаена како вистинска алтернатива на досегашните елити“, изјави Апасиев.
Тој најави и дека Партијата веќе објавила јавен оглас за кандидати за градоначалници, на кој пристигнале 20 пријави. Според Апасиев, Левица ќе се обиде да го засили своето влијание и во локалните совети, па затоа ќе има советнички листи во над 50 општини ширум земјата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
