Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Неверојатен дуел во Лондон: По пет часовна битка, Ѓоковиќ повторно меѓу четирите најдобри
    Спорт

    Неверојатен дуел во Лондон: По пет часовна битка, Ѓоковиќ повторно меѓу четирите најдобри

    08/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон по спектакуларна победа над Феликс Оже-Алијасим со 3:2 во сетови (7:6, 3:6, 6:3, 6:7, 7:6), по маратонски меч што траеше пет часа и 14 минути.

    Српскиот тенисер уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите во историјата на тенисот, совладувајќи го значително помладиот противник по голема борба и неизвесност до последниот поен.

    Првиот сет беше израмнет од почеток до крај и беше решен во драматичен тај-брејк, кој Ѓоковиќ го доби со 12:10.

    Во вториот сет Оже-Алијасим заигра поагресивно и со брејк при резултат 4:3 успеа да го преземе водството. Иако се соочи со две брејк-топки, Канаѓанецот ги спаси и со 6:3 израмни на 1:1 во сетови.

    Ѓоковиќ возврати во третиот сет. Со брејк при резултат 3:2 ја презеде контролата и без поголеми проблеми го приведе сетот до крај за ново водство.

    Четвртиот сет повторно донесе голема неизвесност и беше решен во тај-брејк. Оже-Алијасим беше посмирен во клучните моменти, славеше со 7:4 во тај-брејкот и избори решавачки петти сет.

    Во последниот сет повторно немаше брејкови, па победникот беше решен во завршен тај-брејк до 10 поени. Ѓоковиќ одигра маестрално, направи два мини-брејка и со убедливи 10:4 го завери пласманот во полуфиналето на најпрестижниот тениски турнир.

    Во борбата за место во финалето, српскиот ас ќе се соочи со светскиот рекет број еден, Јаник Синер.

    Поврзани вести:

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    01/09/2026

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    01/09/2026

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    01/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.