Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Коњановски најави историски инвестиции во Битола вредни 11,5 милиони евра
    Политика

    Коњановски најави историски инвестиции во Битола вредни 11,5 милиони евра

    12/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Битола е на прагот на големи инфраструктурни и урбани промени, откако градоначалникот Тони Коњановски најави капитални инвестиции вредни 707 милиони денари (приближно 11,5 милиони евра), предвидени со ребалансот на буџетот што ќе се најде пред Советот на општината во понеделник.

    -Битола заслужува иднина во која ќе се гордееме дека сме оставиле белег, порача Коњановски, истакнувајќи дека ова не се предизборни ветувања, туку резултат на сериозна и долгогодишна подготовка и посветеност.

    Во фокусот на новите инвестиции се образованието, спортот, патната инфраструктура и урбаниот развој. Ќе се градат три нови типски училишни спортски сали, девет училишни спортски игралишта, ќе се реконструираат постојни терени и ќе се уреди нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“.

    Голем акцент се става и на изградба на нови паркинг-простори. Во шест локации низ градот, меѓу кои Овчи Пазар, Ат Пазар, поранешната касарна и околината на Хеликоптерот, ќе се изградат преку 150 нови паркинг места.

    Улиците во градот и во руралните населени места конечно ќе добијат темелна реконструкција. Планирани се инфраструктурни зафати во повеќе населби, меѓу кои Карпош, Баир, Мал Париз, Јени маало, Буковски ливади, како и во селата Карамани, Барешани, Ротино, Раштани, Трн, Братиндол и Горно Ореово.

    Посебен проект е и пренамената на објект во Буковски ливади во училиште, инвестиција вредна 30 милиони денари, како и изградба на нови улици и осветлување во областа околу болницата Плодност.

    -Никогаш Владата на Македонија во овие 30 години не дала толку средства во Битола во една година! Никогаш во историјата на Битола толку не се градело!, изјави Коњановски, потенцирајќи ја поддршката од Владата на Република Македонија за овие проекти.

    Овој пакет инвестиции се очекува да донесе суштински промени во квалитетот на живот во Битола и околината, отворајќи нова развојна страница за градот под Пелистер.

    Поврзани вести:

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Премиерот Мицкоски на средба со Македонците во САД

    Премиерот Мицкоски на средба со Македонците во САД

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    21/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    21/09/2026

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.