„По падот на Виктор Орбан, во Унгарија започна процес на нормализација – Унгарија и Украина сега разговараат за правата на унгарското малцинство. Со години Орбан намерно го блокираше овој процес за да ја чува тензијата, да ја држи Унгарија во конфронтација со ЕУ и да ги штити руските интереси“, велат денеска од СДСМ и додаваат дека истата политика ја применува и Христијан Мицкоски, кој, според нив, намерно ја блокира уставната измена за малцинствата, не за да го „брани македонскиот идентитет“, туку за да ја блокира ЕУ интеграцијата на Македонија.
„Зошто? Затоа што влезот во Европа значи независно судство, Европско јавно обвинителство и крај на неговата криминална заштита. Мицкоски не сака ЕУ затоа што мора да одговара.
Изолацијата на Македонија, покрај што им гарантира слобода на него и неговата криминална група, истовремено ја исполнува обврската кон Русија – да остане нејзин прокси играч на Балканот“, констатираат од СДСМ.







