Фудбалската федерација на Македонија поведе дисциплинска постапка против Фудбалскиот клуб Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот.
Вардарци во петокот шампионска титула ја прославија пеејќи вулгарна и навредлива песна кон Битола и македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева.
На недоличното однесување на најтрофејниот македонски клуб веќе реагираа и политичките партии и граѓанските здруженија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

