Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Левандовски официјално ја напушта Барселона
    Спорт

    Левандовски официјално ја напушта Барселона

    16/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Роберт Левандовски официјално потврди дека ја напушта Барселона по завршувањето на сезоната. Полскиот напаѓач преку емотивно видео на социјалните мрежи соопшти дека неговата етапа во каталонскиот гигант завршува по четири години исполнети со успеси, трофеи и незаборавни моменти.

    Навивачите на Барселона утре на „Спотифај Камп Ноу“ ќе имаат можност последен пат да го поздрават еден од најдобрите голгетери во модерниот фудбал. Договорот на Левандовски истекува на крајот од јуни, а тој потврди дека нема да остане во клубот и следната сезона.

    Полјакот пристигна во Барселона во летото 2022 година од Баерн Минхен и веднаш стана лидер во нападот на тимот. Иако оваа сезона имаше нешто помала улога, сепак уште еднаш покажа дека неговиот голгетерски инстинкт не исчезнал.

    „По четири години полни со предизвици, труд и незаборавни моменти, време е да продолжам понатаму. Заминувајќи чувствувам гордост и благодарност за сè што доживеав тука“, порача Левандовски во видеото за збогување.

    Тој додаде дека никогаш нема да ја заборави поддршката од навивачите и дека Каталонија секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

    Во дресот на Барселона одигра 191 натпревар, постигна 119 голови и запиша 24 асистенции. Со клубот освои три титули во шпанското првенство и помогна тимот повторно да се врати во борба за европскиот врв.

    Левандовски зад себе има блескава кариера и во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, а во кариерата постигна повеќе од 700 голови. Во 2020 и 2021 година беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.

    Во последните недели неговото име се поврзуваше со неколку големи клубови, меѓу кои Јувентус, Милан и Чикаго Фајер, но според најавите најблиску до неговиот потпис е Ал-Хилал.

    Саудискиот клуб наводно му понудил договор вреден дури 90 милиони евра по сезона, што би бил најголемиот финансиски договор во кариерата на полскиот напаѓач.

    Поврзани вести:

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    барселона ла лига левандовски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    19/11/2026

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    16/11/2026

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.