Новата детска градинка „Бамби“, која претставува составен дел на детската установа „Фидани“ го помина финалниот инспекциски надзор. „Објектот е целосно опремен со современ инвентар и модерен ентериер, во целосна согласност со највисоките стандарди за предучилишни установи. Со капацитет од 350 деца и 22 функционални занимални, овој нов институционален објект обезбедува оптимални услови за ран детски развој, безбедност и благосостојба“, се наведува во соопштението на општина Чаир.
Од Општината најавија дека по завршувањето на градежните активности и внатрешното уредување, во наредните денови се очекува да се организира и свеченото отворање на објектот, додека паралелно ќе се финализираат и последните естетски детали кои ќе ја збогатат надворешниот и внатрешниот изглед на градинката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
