Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»(Видео) Ѓорѓиевски објави дека мостот на „Љубљанска“ ќе биде ставен во употреба
    default
    Скопје

    (Видео) Ѓорѓиевски објави дека мостот на „Љубљанска“ ќе биде ставен во употреба

    30/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека мостот на улицата Љубљанска конечно ќе биде ставен во функција, по години застој на проектот. Во објава на Фејсбук, тој истакна дека започнува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на Љубљанска со улицата Скупи, со што ќе се овозможи нова сообраќајна врска преку реката Вардар.

    „Довербата што ја добив од граѓаните за мене е обврска да се работи и да се решаваат проблемите што со години стоеле заглавени. Денес можам да информирам дека овој важен мост конечно ќе биде ставен во функција“, напиша Ѓорѓиевски.

    Тој нагласи дека станува збор за проект од големо значење за градот, кој ќе овозможи подобра поврзаност меѓу северниот и западниот дел на Скопје.

    „Со неговото завршување, граѓаните ќе добијат побрз и побезбеден пристап до Злокуќани, Бардовци и индустриската зона, а воедно ќе се растоварат булеварите Партизански одреди и Илинденска“, посочи градоначалникот.

    Според него, проектот претходно бил стопиран поради потребата од дозвола од надлежните институции за заштита на локалитетот Скупи, но сега таа е обезбедена и градежните работи продолжуваат со засилен интензитет.

    „Со сериозна работа и одговорен пристап обезбедивме дозвола, го заштитивме културното наследство и продолжуваме со реализација на проектот“, додаде Ѓорѓиевски.

    Паралелно со изградбата, најавено е и ново сообраќајно решение на влезот во овој дел од градот, кое ќе вклучува кружен тек или адаптивна семафоризација, со цел да се намали метежот и да се подобри безбедноста.

    Ѓорѓиевски потенцира дека унапредувањето на инфраструктурата останува приоритет на градските власти.

    „Скопјани заслужуваат функционален, поврзан и модерен град. Продолжуваме со работа и конкретни резултати“, порача тој.

    Поврзани вести:

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бардовци видео ѓорѓиевски злокуќани љубљанска мост скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    03/10/2026

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    02/10/2026

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.