Едно лице им подлегнало на повредите, додека тројцата повредени се во тешка состојба и се хоспитализирани на Ургентниот центар, каде лекарите се борат за нивните животи, дознава Скопје1, за трагичниот исход од несреќата која утрово се случи на градилиште во Кисела Вода, кога градежни работници беа затрупани со земја при ископ.
Неофицијално, загинатиот е на возраст од околу 32 години.
Утрово МВР соопшти дека тројца работници биле затрупани, во несреќата која се случила по 8 часот, а повикот за помош е испратен во 8.17 минути, кога екипа на итната помош е испратена на местото, кои пак, според Центарот за управување со кризи информираше дека првиот повик за несреќата побарале дополнителна асистенција од Бригадата за противпожарна заштита за извлекување на затрупаните работници.
Во акцијата беа вклучени екипи на полицијата, Итната медицинска помош, пожарникарите и Центарот за управување со кризи.
Причините за несреќата се утврдуваат, а надлежните органи се очекува да излезат со дополнителни информации за жртвите и за состојбата на повредените во трагедијата која утрово го потресе Скопје.
На местото на несреќата, утрово пристигна и градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.
Тројца работници затрупани со земја на градилиште во Кисела Вода, двајца се извлечени
