Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»34 ирански танкери ја избегнале американската блокада, Иран денеска нападна 3 брода во Ормутскиот теснец
    Свет

    34 ирански танкери ја избегнале американската блокада, Иран денеска нападна 3 брода во Ормутскиот теснец

    22/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најмалку 34 танкери поврзани со Иран успеале да ја заобиколат американската блокада од нејзиниот почеток, меѓу кои и неколку што превезувале иранска нафта, објави Фајненшл тајмс.

    Вашингтон започна со спроведување на блокадата на 13 април, таргетирајќи ги сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските крајбрежни води. До 16 април мерките беа проширени и на сите ирански пловила на отворено море, како и на бродови што превезуваат стока која би можела да ги поддржи иранските воени активности.

    Досега, американските сили заплениле еден контејнерски брод во Оманскиот Залив и се качиле на санкциониран танкер во Индо-Пацификот. Од Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопштија дека од почетокот на блокадата биле пренасочени или вратени 28 пловила.

    Од друга страна пак денеска во Ормускиот теснец иран нападнал три брода, објави Би-Би-Си.

    Поморската разузнавачка компанија „Вангард“ потврди дека последниот нападнат брод бил на околу шест наутички милји од иранскиот брег. Според нивните информации, пловилото било запрено од Иранската револуционерна гарда, при што му било наредено да фрли сидро, а пријавена е и штета на трупот и во сместувачките простории.

    Овој инцидент следува по извештаите на британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) за претходни два напада што се случиле утрово. Во првиот случај, патролен брод на Иранската револуционерна гарда отворил оган врз контејнерски брод кај брегот на Оман, а набргу потоа бил нападнат и товарен брод во близина на Иран.

    Во меѓувреме, Иран соопшти дека запленил два брода во Ормускиот теснец. Според иранските власти, бродовите биле „непослушни“ и биле пренесени кон иранскиот брег.

    Иранската новинска агенција Тасним наведува дека пловилата ја загрозиле поморската безбедност, дејствувајќи без потребни дозволи и манипулирајќи со навигациските системи.

    Поврзани вести:

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    20/10/2026

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    20/10/2026

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.