„ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје ги информира корисниците што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање”.
Корисниците кои не го подмириле долгот кон „Комунална хигиена” тоа ќе можат да го сторат без пресметана камата во периодот од 20.04.2026 година до 05.06.2026 година.

