Скопјанка со вознемирувачка објава на социјалните мрежи алармираше за третманот на починатите луѓе на гробиштата во Бутел.
Имено, жената сведочи дека додека била на гробиштата со нејзините деца виделе вреќа со човечки коски оставена среде патека.
Нејзиното дете се сопнало од вреќата, по што се обиделе да го отстранaт од патека кога забележале дека се работи за човечки коски.
Скопјанката во објавата нагласува дека починатите заслужуваат достоинство, дури и ако е во прашање ексхумација од гроб за кој не се плаќа повеќе од 10 години и повика на човечност во однесувањето од страна на АД Бутел.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
