Темелната анализа на четири ланци маркети и движењето на цените на 55 производи од први февруари до први април, покажа дека зголемувањето на цените е за околу 0,4 проценти, а за одредени производи цените се зголемени и над 10 проценти, додека профитните маржи се намалени под 15 проценти во истиот период. Поради ова Владата во моментот размислува да се дојдеме до поевтини цени за одредена група на производи каде што има двоцифрен број проценти зголемување и наскоро ќе излезе со таков став, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека споредбата на цените во маркетите Зур, Кипер, Кам и Веро покажала дека некои производи дури се и поевтини, а двоцифрениот раст на цените е забележан кај зеленчукот – доматите и краставиците и кај јајцата.
Мицкоски уверува дека не би требало да се почуствува поголем ценовен удар затоа што процентуалното учество на оној дел на кој што се зголемени транспортните трошоци не дава за право да се смета дека ќе има огромен инфлаторен скок за следниот месец бидејќи влезот во крајната цена на транспортните трошоци наспроти зголемената цена на маргините на дизелот и бензините не е така голема.
