Општина Центар распиша јавен повик за практикантска работа, наменет за студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет. Повикот ќе трае до 20 јули, а практикантите ќе започнат со работа на 1 август.
-Ова е втор јавен повик годинава, а од претходниот веќе се ангажирани четворица практиканти во општината. Целта е младите да стекнат работно искуство и да видат како функционира една општина одвнатре. Воедно, за оние кои ќе покажат сериозност и посветеност, ова може да биде и шанса за идно вработување, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
