Македонија има многу природни богатства. Голем дел од нив не се користат доволно за развој на општеството. Затоа и добро дојде завчерашната информацијата дека се планира експлоатација на антимон кај Крива Паланка. Со тоа нашата држава ќе се позиционира на светската мапа како извозник на ретки метали.
Инау, Македонија со децении е позната по своите рудни богатства – од олово и цинк, до бакар и злато. Дополнително, тука е и Алшар на Кожуф, едно од ретките места во светот каде се наоѓа лорандит – минерал со големо научно значење. Сето ова покажува дека под македонската земја има сериозен потенцијал кој може да донесе економски бенефит.
Но, додека институциите зборуваат што сè имаме под земја, не смее да се заборави што богатство може да се најде на самата почва. Само треба да се посее и сади.
Македонија располага со значителни обработливи површини, а сепак сè уште е зависна од увоз на храна која може да никне кај нас. Што е уште пострашно, на нашата земја може да расте многу подобар патлиџан или кромид или компир или ориз од оној што го увезуваме.
Недозволиво е држава со ваков аграрен потенцијал да увезува основни производи. Почвата е нашиот најголем рудник. Само треба да се обработува. А за тоа да се случи потребни се повеќе и подобро насочени субвенции, поддршка за земјоделците и политики кои ќе го оживеат и селото.
Ќе се направи ли тоа?
