ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисницте од населбата Драчево.
Како што информираат од таму, поради дефект на огрлица на улицата Стари Новакина 25, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Драчево.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.
Без струја пак, денеска привремено ќе бидат жителите на неколку скопски населби, поради најавени технички интервенции во дистрибутивната мрежа.
Во утринските часови, од 08:00 до 10:00, без струја ќе останат дел од домаќинствата на улицата „Борис Трајковски“ бр. 1, во реонот познат како Пегла.
Прекините ќе продолжат и во текот на денот. Од 08:30 па сè до 16:00 часот, електрична енергија нема да има во делови од селото Долно Соње, поточно на улиците 1, 10, 11 и 12.
Дополнително, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и делови од улиците „Рилски Конгрес“ и „Партение Зографски“ во општина Центар.

