Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот, објави Левица
    Политика

    Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот, објави Левица

    08/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот Во услови кога имаме расипничка и десничарска влада, која во континуитет крати средства од ранливите категории и јавното здравство го перцепира само низ призмата на трошок, пратеничката група на Левица амандмански интервенира во Предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година, со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство.

    Со поднесените амандмани кон ребалансот, Левица предлага издвојување на 1 милион евра за набавка на нови амбулантни возила, имајќи во предвид дека просечната старост на амбулантните возила во Македонија изнесува 14 години, а што е уште позастрашувачки – над 70% од амбулантните возила се донации! За аздисот на сите власти досега, најдобро говори следниот податок – само во 2023 и 2024 година институциите набавиле 270 нови службени возила, додека вкупниот број на амбулантни возила на ниво на државата е одвај 200 возила. Самиот факт дека државата располага со повеќе од 2.600 службени возила, додека за амбулантни возила се чека на донации, ја разоткрива арогантноста на естаблишментските партии и негрижата кон сопствениот народ, односно колку вреди животот на еден човек во очите на оние кои ги креираат општествените прилики.

    Дополнително, после незамисливата трагедија во Кочани, се разоткри целосната слабост на здравствениот систем, каде медицинскиот персонал со натчовечки напори е принуден да се бори во катастрофални услови. Токму поради тоа, Левица со амандман предлага издвојување на 10 милиони евра за отворање на Центар за изгореници, кој професионално функционирал во минатото, но за жал, истиот бил затворен. Фактот што веќе ваков центар функционирал во минатото, потврдува дека државата има и стручен персонал и капацитет за отворање на ваков центар кој е од витална важност.

    Левица смета дека децениското кратење на средства за јавното здравство, додека се трошат милиони за привилегии на функционерите, го доведе квалитетот на живот во Македонија на дното на европскиот континент. Квалитетот на здравствените услуги директно го ефектира животот на секој еден граѓанин и апелираме до властите да го напуштат политичкиот менталитет на штедење пари од здравствениот сектор – затоа што човековиот живот нема цена.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.