Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»75 години од основањето прославува Државниот архив на Македонија
    Република

    75 години од основањето прославува Државниот архив на Македонија

    01/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Државниот архив на Република Македонија денеска одбележува 75 години од основањето. На свеченоста што ќе се одржи во Порта Македонија, како што информираат од Државниот архив, ќе има обраќања и доделување благодарници на неговите верни поддржувачи и пријатели.

    -Овој јубилеј е момент да се потсетиме на значењето на Архивот како чувар на културната меморија и историското наследство, но и како институција што гради мостови кон иднината, се наведува во соопштението.

    Директорот на институцијата, Димитар Богески неодамна во интервју за МИА истакна дека Државниот архив е столб на македонското битие, дека голем предизвик е да се зачуваме и заштитиме целото архивско наследство, а најстариот документ којшто го поседува Архивот е Евангелието на Лука кое потекнува од 12-от век и е најден е во фондот на охридското семејство Робеви.

    Богески информира дека по повод јубилејот ќе организираат изложби, промоции на книги, промоции на документи, со цел да се афирмираат документите што ги чува Архивот, односно, како што нагласи, да се афирмира целата општествена, историска и културна дејност во Македонија.

    – Државниот архив на Македонија прославува 75 години од неговото основање во далечната 1951 година со указ на тогашната Влада. Тоа претставува значаен момент за институцијата и за државата, можност да се потсетиме за патот на неговиот развој и за генерации луѓе кои придонеле за развој на архивската дејност, на архивската документација и генерации кои ја издигнале оваа институција, изјави Богески за МИА.

    Директорот на Архивот во интервјуто за МИА истакна и и дека оваа институција се соочува со предизвици, како што се просторните услови, дигитализацијата…

    – Како еден од предизвиците првенствено ни се просторните услови, односно создавање услови за нови депоа. Предизвик ни се и современите методи на конзервација и реставрација, односно конзервирање на архивскиот материјал, неговите оштетувања, поправање и реставрирање – враќање на тие документи во првобитна положба. И како последна фаза од овие предизвици е дигитализацијата, што претставува можеби и еден од најбитните елементи во овие предизвици, бидејќи на тој начин преку дигитализација на документите односно на архивското наследство или граѓа која што претставува културно наследство од прва категорија, ние всушност правиме и заштитување на архивскиот материјал, но правиме да биде подостапен за научно-истражувачките цели, посочи тој.

    Поврзани вести:

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    22/10/2026

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.