„Изградбата на новата спортска сала во ООУ “Кузман Јосифовски -Питу”е во напредна фаза и со веќе реализирани 60% од предвидените работи. Нашиот главен приоритет е учениците да добијат современ простор за настава по физичко образование и спорт, кој ќе вклучува модерни терени за кошарка, одбојка и ракомет, како и комплетно опремени придружни простории. Како дополнителна вредност, овој објект е проектиран да биде пристапен и за лица со попреченост, изјави денеска градоначалничката на Кисела Вода,“ Бети Стаменкоска Трајкоска.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска која присуствуваше на увидот заедно со градоначалничката изјави дека ова е една од 30те активни градежни инвестиции во училишни објекти и спортски сали што Министерството ги реализира во моментов во повеќе општини на територијата на државата, а чија вкупна вредност е над 1 милијарда денари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
