Хаварисаните возила во општина Кисела Вода повеќе нема да го узурпираат
јавниот простор. Инспекциските служби се на терен и започнаа со лепење
известувања за отстранување на возилата во неупотреблива состојба,
објави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Таа дообјасни дека сопствениците ќе имаат рок од 10 дена сами да ги
дислоцираат своите возила, а доколку не бидат отстранети во предвидениот
рок, општинските служби ќе изготват решенија за нивно подигнување од
страна на колективниот постапувач „Грин Роад“ до наменето собирно место.

