ОКТА денеска соопшти дека, како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април
Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.
Од компанијата велат дека со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, тие ја потврдуваат својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Македонија.
Претходно ОКТА на своите партнери им продаваше дизел со попуст од 2 денари по литар.
