Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » ВИДЕО: Јакимовски најави градежна офанзива: Нови улици, канализација и патна мрежа во Бардовци
    Скопје

    ВИДЕО: Јакимовски најави градежна офанзива: Нови улици, канализација и патна мрежа во Бардовци

    07/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денеска, на увид во градежните работи во месната заедница Бардовци, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги образложи веќе постоечките градежни зафати, со кои се решаваат комуналните проблеми на граѓаните, но и најави нови инфраструктурни проекти, кои ќе бидат инвестирани во ова населено место.

     

    – Во населеното место Бардовци,досега извршивме реконструкција на повеќе краци од повеќе улици, . Направена е реконструкција на улица „6“, крак 1, 2 и 3, во вредност од 1 .566.000 денари. Исто така извршена е реконструкција на улица „14“, крак 4, во вредност од 561.000 денари, понатаму извршена е реконструкција на улица „10“, крак 1, 2 и 3, во вредност од 418.000 денари и извршена е реконструкција на улица „2“, во вредност од 3.671.000 денари, нагласи Јакимовски. Градоначалникот на Карпош, ги нагласи тековните градежни активности, кои како градежна офанзива ќе бидат во фокусот ова лето: – Во моментов, работиме на изградба на фекална и атмосферска канализација, на новопроектирана улица „Е“ и дел од новопроектирана улица „З“. Вредноста на овие градежни зафати што ги изведуваме е 11.098.000 денари. Изградба на дел од новопроектирана улица „Е“, и дел од новопроектирана улица „З“, во должина од 225 метри, и должина на улица „3“, во должина од 360 метри, со вкупна вредност од 21.670.000 денари. Исто така, активна е изградбата на улична мрежа за дел од новопроектирана улица „6“ во месната заедница Бардовци, во должина од 295 метри,а вредноста на договорот е 6.000.991 денар и изградба на фекална канализација во должина од 176 метри. Вредноста на овој проект е 1.653.000 денари, додека изведувач е фирмата „Нексис“.Во моментов се врши реконструкција на пристапни улици на крак 1 и крак 2 ,на улица „14“, и крак 1 на улица „6“ . За овие улици се издвоени уште 1.000.000 денари, потенцираше Јакимовски.

    Првиот човек на Карпош, најави и нови градежни инвестиции со кои ќе се заокружи комуналната инфраструктура во населбата Бардовци.

    -Градиме фекална канализација на улица „1687“ во вредност од 3.900.000.Новопланирана секундарна улична мрежа на истата улица, во вредност од 11.799.000 денари, и новопроектирана секундарна улична мрежа во вредност од дел на улица „К“, во должина од 1000 метри, во вредност од 35.000 милиони денари. Изградба на инфраструктурни објекти , на улица „5“, „6“,„ 7“ кои се предвидени во блок 2 и 3 во Бардовци, и асфалтирање од 41.172.000 денари. Изградба на инфраструтурни објекти на новопланирана улица 5,6 и 7 , фаза водовод и канализација , во вредност од 22.063.000 денари. Сето ова, го правиме , за да ги решиме децениските проблеми на Бардовчани, и ова населено место да има еднаква фекална, атмосферска, комунална и патна инфраструктура како другите населени места во нашата Општина, нагласи Јакимовски.

    Тој истакна дека до сега, со вложените средства и планираните идни финансии обезбедени од донации, но и од буџетот на Општината, во Бардовци ќе бидат инвестирани околу 2 милиони евра, за подобрување и стандардизирање на патната мрежа,како и изградба на фекална и атмосферска канализација.

    бардовци јакимовски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Расадник добива модерна градинка со капацитет за 120 деца

    16/04/2026

    Се реконструира и ќе се осветли крак на „Трета македонска бригада“ во Аеродром

    16/04/2026

    Почна реконструкција на улицата „Дижонска 15“ во Чаир

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.