Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ученици од „Партенија Зографски“ учествуваа во меѓународен Еразмус проект „Таеквондо за сите: Оспособување на младите умови“
    Скопје

    Ученици од „Партенија Зографски“ учествуваа во меѓународен Еразмус проект „Таеквондо за сите: Оспособување на младите умови“

    07/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ученици од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ – Скопје во рамки на проект од Еразмус+ на ЕУ, од 29 јуни до 6 јули во Загреб учествуваа на меѓународната младинска размена „Таеквондо за сите: Оспособување на младите умови“  во Загреб.

    Како што соопштија од училиштето, во проектот учествувале повеќе од 60 млади од Хрватска, Србија и Северна Македонија, вклучително и ученици од „Партенија Зографски“ – единствено училиште за средно стручно образование за ученици со посебни образовни потреби (со оштетен слух) во државава.

    Целта на проектот била да ја унапреди социјалната инклузија, да ги охрабри и мотивира младите со помалку можности и да ја поттикне физичката активност преку таеквондо како средство за личен развој и зајакнување.

    -Особено значајно е што младите не беа само учесници – тие активно учествуваа во креирањето на активностите според нивните потреби, идеи и животни искуства, придонесувајќи да се создаде безбедна, поддржувачка и мотивирачка средина за сите. Главните активности на проектот опфатија над 20 работилници и обуки, вклучувајќи дневни сесии по таеквондо, работилници за личен развој, тим билдинг и сесии посветени на комуникација, толеранција и инклузија. Особено значајно беше активното учество на млади со попреченост и помалку можности. Во рамки на проектот беа одржани и инклузивни работилници отворени за локалната заедница, како што се вовед во знаковен јазик, комуникација со глуви лица и таеквондо за лица со интелектуална и физичка попреченост, се наведува во соопштението.

    Дополнително, била создадена богата дигитална содржина – фотографии и видеа со цел промоција на инклузивни практики. Сите учесници добиле Youthpass сертификати за признавање на нивното неформално учење и развиени компетенции, со што била подигната свеста за важноста на достапни и инклузивни спортски активности за сите млади.

    Проектот бил реализиран од Таеквондо клубот „Максимир“ од Загреб во партнерство со организацијата „АзБуки“ од Србија и Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ од Скопје.

    -Со оваа иницијатива, уште еднаш се потврди дека спортот и младинската работа се моќни средства за градење мостови, рушење бариери и создавање инклузивни заедници каде што секој млад човек се чувствува вреден, слушнат и поддржан, информира Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ – Скопје. 

    Поврзани вести:

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    еразмус загреб
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    02/10/2026

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    02/10/2026

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.