Бесплатни стоматолошки прегледи за деца и пензионери обезбедува Општина
Центар, како дел од континуираните мерки за подобрување на здравствената
заштита и превенцијата кај граѓаните. Услугата се реализира во соработка
со Стоматолошкиот факултет во Скопје и опфаќа повеќе категории,
вклучително ученици, деца од градинки и пензионери.
Проектот има за цел рана превенција, подигнување на свеста за орална
хигиена и обезбедување навремен пристап до стоматолошки услуги, особено
за ранливите категории граѓани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
